Изјавите на претставниците на НАТО за превентивни напади врз Руската Федерација се неодговорни, се гледа дека тие „не мирисаа на барут, туку сакаат да си ги соберат ловориките“, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.
„Тоа го изјави еден апсолутно неодговорен адмирал. Таму има многу луѓе кои не ни мирисаа на барут, туку ставаа еполети“, изјави шефот на руската дипломатија во интервју за телевизијата „Русија 24“.
Коментирајќи ги наводите на Њујорк Тајмс дека некои функционери од САД и Европа се за предавање на нуклеарното оружје на Украина, Лавров рече дека „политичарите се тука постојано да привлекуваат внимание кон себе“, пренесува РИА Новости.