Балкан

УЖАС: Во Нови Сад пронајдени две тела – на терен полиција, форензика и пожарникари!

УЖАС: Во Нови Сад пронајдени две тела – на терен полиција, форензика и пожарникари!

Две тела се пронајдени денеска во напуштен објект на улицата Косовска во Нови Сад.

Како што изјави изворот за „Блиц“, се уште не е познат идентитетот на лицата чии тела се пронајдени, како и причината за смртта.

-Истрагата е во тек – вели изворот на „Блица“.

Според првите неофицијални информации, на телата не се пронајдени траги кои би укажувале дека смртта настапила насилно.

Вистинската причина за смртта ќе се знае дури по обдукција.

На терен се пожарникари, спасувачи, полиција и форензичари.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни