Најмалку осум лица се повредени при удар на израелски автобус на окупираниот Западен Брег, соопшти денеска организацијата Црвена звезда на Давид.
Израелската армија соопшти дека нападот бил на раскрсница во населбата Ариел и дека „терористот бил неутрализиран на лице место“.
Меѓу повредените три лица се здобиле со тешки телесни повреди.
Военото крило на палестинската исламистичка организација Хамас ја презеде одговорноста за денешниот вооружен напад на израелски автобус.
Хамас изјави дека пукачот бил 46-годишниот Самир Мухамед Ахмед Хусеин од селото Ејнабус во близина на Наблус и дека тој бил член на бригадите Ал Касам.
„Бригадите Ал-Касам ја преземаат одговорноста за престрелката“, се вели во соопштението на Хамас.
Хусеин беше убиен од израелски војници на местото на нападот.
Според првата снимка, тој бил вооружен со автоматска пушка, објавија израелските медиуми.
Насилството на окупираниот Западен Брег ескалира од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, предизвикана од нападот на исламистичкото движење на израелска територија на 7 октомври 2023 година.