Македонија

ВИДЕО Со багер се копаше да се најдат бункерите и објекти на криминалната група во скопско

ВИДЕО Со багер се копаше да се најдат бункерите и објекти на криминалната група во скопско

Разбиена е организирана криминална група од 18 членови, кои извршувале сериозни кривични дела, вклучувајќи убиства, изнуди и палење на автомобили на вработени во затворската полиција.

Ова го потврди министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на прес-конференција, презентирајќи детали за истрагата „Беланоца-Барон“.

Во координирана полициска акција, извршени се претреси на 30 локации, од кои 28 во Скопје и 2 во Велес. Пронајдени се оружје, опрема, пари (30 милиони денари), 5 возила, злато, 9 мобилни телефони, сим картички, рачни часовници и други предмети за вештачење.

Како што може да се види и на објавеното видео, со багери се копало со цел да се најдат бункети и објекти на криминалната група.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни