Земјотрес со јачина од 7,3 степени го погоди денеска Вануату и според првите неофицијални информации има жртви и причинета е голема материјална штета. Во сила беше и предупредување за цунами.
Тихоокеанската островска држава беше погодена од земјотрес околу пладне по локално време.
Земјотресот бил во морето, на длабочина од 43 километри и на околу 30 километри од главниот град Порт Вила.
Во земјотресот беше оштетена и зградата во која се сместени дипломатските претставништва на САД, Франција и Нов Зеланд. Амбасадата на САД ќе биде привремено затворена поради штети.
Земјотресите се чести во Вануату, кој се наоѓа во зона на висока сеизмичка активност, Пацифичкиот огнен прстен.