Висок генерал на руските вооружени сили загина во експлозија во Москва, јавува Би-Би-Си.
Генерал-полковник Игор Кирилов од силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана (РХБ) го напуштал станбениот блок рано во вторникот кога детонираната направа била скриена во скутер, соопшти рускиот Истражен комитет.
Се додава дека е убиен и помошникот на Кирилов.
Во октомври, Велика Британија воведе санкции за Кирилов, велејќи дека тој ја надгледувал употребата на хемиско оружје во Украина и дејствувал како „значаен портпарол за дезинформациите на Кремљ“.
Како што претходно објавија медиумите, две лица загинаа како последица на експлозијата што се случи на булеварот Рјазански во Москва.
„Непозната направа експлодира на булеварот Рјазански. Оштетени се прозорците на зградата, од првиот до третиот кат, оштетена е и влезната врата на зградата, а две лица загинаа“, изјавија за РИА Новости од спасувачката служба.
Полициски истражители излегле на местото на настанот и во моментов вршат увид на местото на експлозијата.