Два руски стратешки бомбардери Ту-95 извршија патролни летови над неутралните води на Беринговото и Чукотското Море, соопшти руското Министерство за одбрана.
Од почетокот на војната во Украина, Русија ја интензивираше фреквенцијата на вакви летови, како и други воени вежби, во обид да покаже сила надвор од нејзините граници.
„Летовите се извршени во строга согласност со меѓународните правила“, соопшти Министерството, пренесува Интерфакс.