Свет

Потврдена пресудата: Саркози една година во домашен притвор, а ќе следат нови судења

Потврдена пресудата: Саркози една година во домашен притвор, а ќе следат нови судења

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе мора да одлежи казна од една година домашен притвор со електронска наножица за корупција и несоодветно влијание врз судството, потврди денеска францускиот Касационен суд.

Врховниот суд со тоа ја потврди пресудата на апелациониот суд во Париз, кој минатата година го осуди Саркози на три години затвор, од кои две години беа условни.

Саркози беше обвинет од обвинителството дека во 2014 година преку својот долгогодишен правен застапник Тиери Херцог се обидел да добие тајни информации за истрагата за афера од адвокатот Жилбер Азибер.

Саркози наводно му понудил на Азиберо помош во неговата кандидатура за функцијата во Монако, пишува dpa.

Според мислењето на обвинителството, ова претставува значително мешање во независноста на судството. И Херцог и Азибер, како Саркози, беа осудени на по три години затвор.

Сегашната пресуда е горчлив пораз за десничарот Саркози, бидејќи и во времето на првостепената пресуда, осудувањето на шеф на државата на затвор во Франција беше преседан во поновата историја.

А уште потешка е дополнителната казна од три години губење на граѓанските права, што го прави навестеното враќање на Саркози на врвот на француската политика речиси невозможно.

Сепак, ова не е единствената афера во која е вмешан Никола Сакози. Тој веќе беше осуден на една година затвор, од кои шест месеци условно, поради преголеми трошоци за изборната кампања во 2012 година. Тој се жалеше и на таа пресуда.

Следната година ќе започне судскиот процес за наводната милионска финансиска помош на Саркози од Либија пред изборите во 2007 година. Саркози ги негира сите обвинувања.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни