Претседателот на Русија Владимир Путин и се обрати на јавноста и на крајот ги сумира резултатите од годината.
Има огромен интерес за конференцијата. Пристигнаа повеќе од два милиони прашања, а очекувано повеќето од нив се поврзани со војната во Украина. По нив, најбројни се поврзани со економијата и инфраструктурните проекти.
Путин го предизвикува Западот на дуел со Орешник
„Орешник“ е модерно оружје, произведено врз основа на претходни проекти кои беа рафинирани“, рече рускиот претседател.
Тој потврди дека учествувал во донесувањето на одлуката за производство на Орешник.
-Нема шанси да биде соборен ’Орешник‘. Можеме да организираме дуел со колегите од Западот: нека си го направат оружјето, ќе избереме точка, на пример Киев. Нека пукаат со нивно оружје, а ние ќе пукаме со Орешник. Тоа ќе биде корисен експеримент и за нас и за американската страна. Русија е подготвена за тоа – рекол Путин, пренесува РТ.
Го прашале од каде такво име.
– Да бидам искрен, не знам, рече Путин.