Според податоците од платформата IQAir, која се специјализира за мерење на квалитетот на воздухот, Скопје е утрово најзагаден град во Европа и десетти на светската листа.
На глобално ниво, најзагадени градови се Делхи (Индија), Лахор (Пакистан), Акра (Гана) и Багдад (Ирак). Листата продолжува со Кабул, Дака, Вухан, Ченгду и Ханој, а меѓу нив се наоѓа и Скопје.
Одговорните институции апелираат граѓаните да го ограничат времето поминато на отворено, особено оние во ризичните групи како деца, постари лица и лица со хронични болести. Дополнително, се препорачува користење на јавен превоз наместо лични автомобили за да се намали загадувањето на воздухот.
Иако загадувањето на воздухот во Скопје е долгогодишен проблем, овие податоци се алармантни и укажуваат на итноста од преземање конкретни мерки за заштита на јавниот здравје.