Македонскиот главен град продолжува да биде на петтото место на ранг-листата по загаденост во светот, со тоа што пред него се само градови од Кина, Индија и Пакистан.
Лахоре, Пакистан, е најзагаден град во светот, следен од Делхи во Индија, а потоа кинеските градови Вухан, Ченгду и Чонгчинг.
На листата најзагадени градови, Скопје е единствениот европски град во првите 10.
