Балкан

Земјоделците во Грција најавуваат блокади на патиштата кон Македонија

Земјоделците во Грција најавуваат блокади на патиштата кон Македонија

Земјоделците во северниот дел на Грција во четврток ќе ја организираат првата блокада, најавувајќи излегување со трактори на патиштата. По националниот состанок во Лариса, протестите се координираат низ целиот регион, иако сè уште не е прецизирано каде ќе биде прекинат сообраќајот.

Се очекуваат конечни одлуки од земјоделците од Лариса и Јанина, додека земјоделците од Пела веќе потврдија дека ќе учествуваат на протестите.

Главните барања на земјоделците се даночни олеснувања и повторно преговарање за Заедничката земјоделска политика, која ги вклучува и режимите за субвенционирање на Европската унија.

„Излегуваме со тракторите на патиштата“, изјавија земјоделците, повикувајќи на масовна поддршка за своите барања.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни