Свет

Избришан Бајден од веб-страницата на Белата куќа

Избришан Бајден од веб-страницата на Белата куќа

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја смени веб-страницата на Белата куќа, а на неа, на насловната страница има фотографија од Трамп со порака „Америка се враќа“.

Сајтот беше ажуриран додека Трамп го држеше своето инаугуративно обраќање и веднаш ја избриша претходната администрација на Бајден-Харис.

Како што е наведено, на веб-страницата whitehouse.gov можете да погледнете симболично видео од враќањето на Трамп, со акцент на армијата, а на него се гледа и американскиот бел орел во лет, пренесува Танјуг.

На крајот од видеото е прикажана фотографија на која Трамп покажува напред со зборовите „Америка се враќа“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни