Македонија

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Игор Југ, еден од осудените за настаните од 27 април 2017 година во Собранието, почина на 54-годишна возраст. Југ издржуваше 12-годишна затворска казна, но беше на прекин поради влошена здравствена состојба. Осум години од животот ги помина зад решетки.

Во изминатиот период, Југ постојано бараше повторување на судската постапка, тврдејќи дека никој од осудените за 27 април не е терорист и дека пресудите се неправедни.

Неговата смрт предизвика реакции во јавноста, а се очекува и официјален став од неговите блиски и правниот тим кој работеше на неговиот случај.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни