4NEWS.mk

Земјотрес во Корча со јачина од 4,7 степени

Два посилни и неколку послаби потреси се регистрирани во подрачјето на Корча, Албанија, кои се почувствувани и Северна Македонија и во Грција.

Според Министертвото за одбрана, првиот силен потрес е регистриран во 14:21 часот со јачина од 4,7 степени според Рихтер, со епицентар на 3,4 километри југозападно од Дарда, Корча. Претходно беше објавено дека земјотресот бил со јачина од 4,5 степени.

Вториот потрес е регистриран во 16:28 часот и е со јачина од 3,4 степени.

Нема информации за материјална штета или повредени лица.

На подрачјето на Корча на први јуни годинава регистриран беше потрес со јачина од 4,9 степени, што предизвика материјални штети и голем број семејства се уште се сместени во шатори. За само три дена, во ова подрачје тогаш беа регистирани повеќе од 100 потреси.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни