Свет

Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени го стресе Тексас

Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени го стресе Тексас

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Тексас, САД, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од осум километри, околу 68 километри северно од Пекос, Тексас.

Земјотресот бил почувствуван и во соседно Мексико.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни