Со извикување „Жени, живот, слобода“ пред Универзалната сала во Скопје започна Маршот за женски права, организиран од Платформата за родова еднаквост по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената. Оваа година, маршот се одржува под слоганот „Нека јадат ружи!“.
Организаторите повикаа на масовен женски марш и солидарен бојкот, нагласувајќи дека 8 Март не е ден за симболични гестови и празни фрази, туку за феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија. Тие истакнаа дека економската, политичката и општествената рамноправност на жените мора да остане приоритет.
Маршот ќе заврши во паркот „Жена борец“, каде ќе бидат упатени пораки до јавноста и институциите.