Свет

Папата Франциск „добро реагира“ на болничкото лекување, велат од Ватикан

Папата Франциск „добро реагира“ на болничкото лекување, велат од Ватикан

Папата Франциск „добро реагира“ на лекувањето од двојно воспаление на белите дробови, а неговата општа состојба постепено се подобрува, соопшти денеска Ватикан.

Во соопштението се наведува дека папата покажал „постепено, мало подобрување“ во последните денови, пренесе АП.

Лекарите наведуваат дека папата Франциск е во стабилна состојба, без покачена температура и добро ниво на кислород во крвта, се наведува во соопштението на Ватикан.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни