Хакери за кои се верува дека работат за севернокорејскиот режим успеале да заработат најмалку 300 милиони долари од рекордна кражба на криптовалути од 1,5 милијарди долари, јавува Би-Би-Си .
Криминална група позната како Групацијата Лазар украла огромна количина дигитални токени во напад на крипто берзата ByBit пред две недели.
Оттогаш, американските иследници интензивно работат на обидот да ги следат и блокираат хакерите за да ги спречат да ги претворат украдените криптовалути во употребливи пари.
„Тие работат речиси без престан за да ги претворат криптовалутите во готовина што е можно побрзо“
Експертите предупредуваат дека озлогласениот хакерски тим работи речиси 24 часа на ден – потенцијално канализирајќи пари во воениот развој на севернокорејскиот режим.
„Секоја минута им е важна на хакерите кои се обидуваат да ги покријат трагите за пари, и тие се исклучително софистицирани во она што го прават“, рече др. Том Робинсон, ко-основач на фирмата за истражување на криптовалути Elliptic, пренесува Би-Би-Си.
Според него, Северна Кореја е најдобра во перењето криптовалути меѓу сите криминални групи вклучени во крипто криминалот.
“Замислете дека имаат цела соба од луѓе кои го прават тоа користејќи автоматизирани алатки и долгогодишно искуство. Можеме да видиме од нивните активности дека работат речиси без престан, можеби во смени, за да ги претворат криптовалутите во готовина што е можно побрзо”, додаде Робинсон.
Анализата на Elliptic се совпаѓа со тврдењата на ByBit, во која се наведува дека 20% од украдените средства сега се „поминати“, што значи дека тие веројатно никогаш нема да бидат вратени.
САД и сојузниците ја обвинуваат Северна Кореја дека користи хакерски напади за финансирање на нејзиниот воен и нуклеарен режим.
САД и сојузниците ја обвинуваат Северна Кореја дека извршила десетици хакерски напади во последниве години за да ги финансира воените и нуклеарните програми на режимот.
На 21 февруари, хакери нападнаа еден од добавувачите на ByBit и тајно ја сменија адресата на дигиталниот паричник на кој требаше да се испорачаат 401.000 ethereum криптовалути.
ByBit мислеше дека префрла средства на сопствениот дигитален паричник, но всушност ги испрати до хакерите.