Свет

Ватикан: Папата Франциск помина мирна ноќ

Ватикан: Папата Франциск помина мирна ноќ

Папата Франциск помина мирна ноќ во римската болница Ѓемели, каде што се лекува од воспаление на двете бели дробови, соопшти денеска прес-службата на Ватикан.

Папата (88) е во болница 25 дена, од 14 февруари, пренесе АНСА.

Извори од Ватикан во неделата соопштија дека здравствената состојба на папата е стабилна, а во саботата Ватикан објави дека неговата состојба е малку подобрена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни