Свет

Танкер со нафта и товарен брод се судрија кај брегот на Велика Британија

Танкер со нафта и товарен брод се судрија кај брегот на Велика Британија

Танкер со нафта и товарен брод се судрија денеска во близина на југоисточниот брег на Велика Британија, јави Би-Би-Си, наведувајќи дека на местото на несреќата се испратени „обемни“ спасувачки екипи, вклучително и противпожарни бродови.

Судирот довел до пожар на цистерната.

„Крајбрежната стража работи на спасување во случај на судир на танкер и товарен брод кај брегот на Источен Јоркшир. Спасувачкиот хеликоптер во областа и чамците за спасување од Скегнес, Бридлингтон, Меплторп и Клиторп се повикани“, соопшти британската крајбрежна стража.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни