Македонија

Уште една несреќа на македонските патишта: Загина 47-годишен возач на магистралниот пат Битола-Ресен

Уште една несреќа на македонските патишта: Загина 47-годишен возач на магистралниот пат Битола-Ресен

Околу 17.25 часот во Полициската станица Ресен синоќа било пријавено дека на магистралниот пат Битола – Ресен, кај место викано „Голема кривина Макази“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу три возила.

Во несреќата учестувале „фолксваген голф“ со ресенски таблички го управуван од 47-годишниот Г.А. од Ресен, возило „пежо 2008“со битолски таблички кој бил управуван 51-годишниот М.К. од Битола и возило „бмв“ со ресенски таблички управувано од 47-годишниот Д.А. од с.Асамати, ресенско.

„Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал возачот Г.А., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобиле возачот Д.А. и неговата сопатничка Ш.А.(47) од с.Асамати, ресенско, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Ресен и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено за обдукција“, се вели во полицискиот билтен.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни