Свет

Во Франција минатото лето повеќе од 3.700 луѓе загинале поради жештините

Во Франција минатото лето повеќе од 3.700 луѓе загинале поради жештините

Повеќе од 3.700 смртни случаи поврзани со висока температура се регистрирани во Франција минатото лето, а три четвртини од жртвите биле на возраст над 75 години, објави денеска Француската управа за јавно здравје (SFP).

Од 1 јуни до 15 септември минатата година евидентирани се 3.711 смртни случаи предизвикани од топлотен удар, што претставува повеќе од два отсто од смртните случаи во овој период, пренесува Фигаро.

За време на епизодите на топлотниот бран, 680 смртни случаи биле поврзани со изложеност на топлина, што претставува повеќе од 10 проценти од смртните случаи во овој период.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни