Свет

Ватикан: Папата помина мирна ноќ, се очекува нов лекарски извештај

Ватикан: Папата помина мирна ноќ, се очекува нов лекарски извештај


Папата Франциск помина мирна ноќ, а новиот лекарски извештај ќе биде објавен денеска, соопшти Ватикан.

Здравствената состојба на папата се уште е стабилна, со мали подобрувања, пренесе АНСА.

Како што вчера објавија медиумите, лекарите соопштиле дека папата повеќе не е во непосредна опасност од воспаление на белите дробови, поради што е во болница речиси еден месец, но дека ќе остане хоспитализиран уште неколку дена за да ја прими терапијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни