Свет

Хорор во САД: Мал авион се урна, две лица загинаа

Хорор во САД: Мал авион се урна, две лица загинаа

Приватен авион се урна во четвртокот наутро околу 7:50 часот по локално време во близина на аеродромот Пит Гринвил во Северна Каролина, објавија американските медиуми.

Во авионот имало две лица, а властите потврдиле дека во несреќата нема преживеани. Нивниот идентитет сè уште не е објавен.

Федералната управа за авијација (FAA) соопшти дека станува збор за Beechcraft Bonanza.

Истрагата за причините за несреќата е во тек.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни