Сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 19 часот на улицата „Ацо Шопов“ во скопската населба Влае, во близина на бензинската станица „Лукоил“. Очевидците на местото на настанот велат дека повреден е возачот на моторот, кој веднаш е пренесен во амбулантно возило.
Затворени се околните улици што водат кон делот на улицата каде се случи несреќата.

Од фотографиите може да се види дека во сообраќајката учествувале два автомобили и еден мотор.
На местото на несреќата пристигнале екипи на Итната медицинска помош и полицијата. Очевидците велат дека возачот на моторот бил повреден и веднаш бил пренесен во амбулантно возило за понатамошна помош.
ФОТО: „360 степени“