Свет

Лекарите на папата Франциск го прекинаа медицинскиот билтен за неговата состојба

Лекарите на папата Франциск го прекинаа медицинскиот билтен за неговата состојба

Лекарите на папата Франциск, кој беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија, денеска соопштија дека неговата состојба е стабилна и затоа решиле да не составуваат медицински билтен.

Папата Франциск го продолжува лекувањето во римската болница Ѓемели, каде што беше примен пред четири недели, пренесува Анса.


Претходната вечер прес-службата на Ватикан соопшти дека состојбата на папата е стабилна, но дека клиничката слика „останува непроменета и сложена“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни