Македонија

Приведени тројца државјани на Чешка, кај нив пронајдени стари монети!

Приведени тројца државјани на Чешка, кај нив пронајдени стари монети!

На 03.04.2025 при контрола на видео надзорен систем  на теренот на ПС за ГН Старавина, на местото викано „Брест“ било забележано моторно возило „дачија дастер“ со странски регистерски таблички.

По извршени проверки, во 19 часот, во близина на село Подмол, полициски службеници го пронашле возилото и при извршена контрола констатирано е дека во него биле J.M.(26), Ф.К. (53) и M.H. (47), сите од Р.Чешка, а сместени во закупен стан во Прилеп. Тие се лишени од слобода и спроведени во ОВР Прилеп.

По наредба на надлежен јавен обвинител од ОЈО Прилеп, извршен е претрес во домот каде што престојувале трите лица,  при што е пронајдена метална кутија во која имало 20 стари монети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни