Македонија

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ во Кочани низ солзи поднесе оставка: „Сите идеали не вредат колку солзите на едно дете“

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ во Кочани низ солзи поднесе оставка: „Сите идеали не вредат колку солзите на едно дете“

Со силна емоција и солзи, советничка Кристина Атанасова – Арсова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе оставка од функцијата во Советот на Општина Кочани, обвинувајќи го општинското раководство дека е „болно по функции“ и дека приоритетите на граѓаните биле игнорирани.

– Барам прошка и им се извинувам на сите граѓани кои ми го дадоа својот глас. Не успеав да реализирам многу од ветеното, бидејќи тоа не беше важно за градоначалникот и раководството – рече Атанасова – Арсова, додавајќи дека наместо за јавниот интерес, тие се грижеле само за лични привилегии.

Во моменти кога Советот бираше в.д градоначалник, таа ја достави својата оставка до претседателот на Советот:

– Ова е страшно понижувачко и недостојно и за мене и за оние кои ме поддржаа. Тие што не ме знаат ќе осудуваат, но тие што ме знаат – ќе разберат зошто го правам ова.

Атанасова – Арсова посочи дека отсега ќе се посвети на своето повредено дете и на сите други деца што се соочуваат со болка:

– Сите идеали не вредат колку солзите на едно дете – рече таа, по што следуваше тишина и пауза на седницата, бидејќи многумина од присутните не можеа да ги задржат емоциите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни