Свет

Минибус со патници падна од мост – хорор во Романија, хеликоптер носи нуркачи!

Минибус со патници падна од мост – хорор во Романија, хеликоптер носи нуркачи!

Минибус со патници паднал во реката Дунав откако се судрил со друг автомобил на вијадукт во Иловица во западна Романија!

  • Засега немаме потврда за бројот на луѓе во минибусот. Можно е да се работи само за возачот и уште едно лице, но ние се уште ја третираме ситуацијата како да има повеќе луѓе под вода – објасни Раед Арафат од Одделот за вонредни ситуации.

Патниот сообраќај е целосно блокиран на вијадуктот до завршување на спасувачката акција.

  • Минибусот воопшто не е видлив, немаме информации за бројот на луѓе, силите се пристигнати таму, но потребен е целосен тим нуркачи – изјави Арафат за Диги24.

Мобилизирани се нуркачи од Крајова и Карас-Северин, а хеликоптерот СМУРД е пренасочен за што поскоро да ја пренесе нуркачката екипа до местото на несреќата.

– Мисијата е многу тешка со оглед на матниот Дунав – додаде Арафат, оценувајќи дека шансите за преживување се многу мали по неколку минути поминати во студената вода.

Повеќе детали наскоро…

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни