До денеска, според податоците од Основното јавно обвинителство Кочани, во врска со трагедијата во Кочани, вкупно 45 лица се опфатени со истражната постапка.
Од нив:
- 19 осомничени лица се со изречена мерка притвор,
- 13 се во куќен притвор со дополнителна мерка на претпазливост – забрана за комуникација,
- 12 се со определени мерки на претпазливост,
- 1 осомничено лице е на лекување.
ОЈО Кочани информира дека овие податоци се актуелни до овој момент, но постои можност да се водат жалбени постапки за кои сè уште не се пристигнати решенија од судот.