Македонија

Сиљановска Давкова се сретна со младите од „Support Kocani“: Презентирани бројни идеи, планови и проекти!

Сиљановска Давкова се сретна со младите од „Support Kocani“: Презентирани бројни идеи, планови и проекти!

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска беше на средба со претставници на неформалната група на млади „Support Kocani“.

„Презентираа бројни идеи, планови и проекти за враќање на животот во нивниот роден град и запирање на иселувањето и манифестираа решеност заедно да направат сé што можат за да им помогнат на семејствата на починатитите, на повредените и нивните блиски, но и на градот Кочани за да се надминат тешките проблеми и да се тргне напред!

Мора заедно да се избориме и да ја пребродиме оваа колективна и национална загуба, а верувам дека закрепнувањето ќе биде полесно ако сме заедно, оти нема човек што не е засегнат од трагедијата.

Изразив подготвеност за покровителство и соучество во проекти, мерки и акции од значење за градот. Го потврдив и ветувањето за доделување одликувања и признанија на најзаслужните и најпосветените во кочанската нерамноправна битка меѓу животот и смртта, како непресушен извор и инспирација на храброст и хуманизам“, вели Сиљановска Давкова.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни