Македонија

Двајца кумановци пуштале гласна музика за време на денови на жалост, добија кривични!

Двајца кумановци пуштале гласна музика за време на денови на жалост, добија кривични!

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.М.(35) и А.Р.(25), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „организирање на отпор“.

На 22.03.2025, пријавените, во својство на сопственик и управител на угостителски објект и менаџер на угостителскиот објект, пуштале гласна музика и на тој начин не ја почитувале одлуката на Владата на РСМ за денови на жалост по повод трагичната несреќа во Кочани.   

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни