Македонија

ВИДЕО Голем пожар во Кочани, изгореа автобуси!

ВИДЕО Голем пожар во Кочани, изгореа автобуси!

Ноќеска избувна голем пожар на излезот од Кочани, при што беа зафатени автобуси паркирани на плац во близина на бензинската пумпа „Авто Петрол“, кај населбата Оризари.

Во моментов нема официјални податоци за причините кои довеле до пожарот, ниту за висината на материјалната штета.

Според првичните информации, пожарот зафатил неколку возила, но се чека потврда од надлежните служби.

Очекуваме повеќе детали и официјални изјави во текот на денот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни