Македонија

Костадинов ќе креира ново интерпартиско делување: „До тогаш посакувам среќа да се победи во барем една општина“

Костадинов ќе креира ново интерпартиско делување: „До тогаш посакувам среќа да се победи во барем една општина“

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов по вчерашната одлука да го замрзне членството во СДСМ, сега планира да креира ново интерпартиско делување кое ќе биде презентирано по локалните избори.

Како што вели, свесен е за тешката состојба во која се наоѓа партијата, и сака да помогне, но за жал нема како.

„Во следните месеци, ќе започнам со креирање на ново интерпартиско делување, кое ќе биде презентирано по завршувањето на локалните избори. Целосно прецизна стратегија, доволно мотивирачка за да обедини авторитети што ѝ недостигаат на СДСМ, тешки за да бидат непривлечни за политичките авантуристи, и доволно забавни за да се пронајдат младите… Мојата стратешко политичка одлука за делување во СДСМ или можеби надвор од СДСМ ќе биде јавно кажана во два дела. Првата ќе биде септември, конечната по завршување на овие локални избори. До тогаш посакувам среќа да се победи во барем една општина“, напиша Костадинов.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни