Свет

Како ќе биде избран следниот Далај Лама и дали може да има двајца?

Како ќе биде избран следниот Далај Лама и дали може да има двајца?

Тензин Гјатсо, 14-тиот Далај Лама, е роден како Љамо Дондуп во 1935 година во земјоделско семејство. На двегодишна возраст, тој бил идентификуван како реинкарнација на 13-тиот Далај Лама, откако препознал предмети што му припаѓале на неговиот претходник.

Како се избира Далај Лама?

Изборот на нов Далај Лама, духовниот водач на тибетскиот будизам, се базира на вековните традиции, верувања и ритуали. Се верува дека Далај Лама е реинкарнација на Авалокитешвара, Бодисатвата на Сочувството, и секој нов Лама го наследува претходниот во овој духовен синџир.

По период на жалост, високо рангираните лами формираат потрага по реинкарнација. Тие се водени од знаци како што се насоката на чадот од кремацијата на нивниот претходник, насоката на нивниот поглед во моментот на смртта, како и визијата за свети пророштва, особено кај светото езеро Љамо Лацо.

Кандидатите – обично момчиња родени околу времето на смртта на претходниот Лама – се подложуваат на тестови за препознавање предмети и други знаци. Иако претходните лами биле машки, сегашниот 14-ти Далај Лама изјави дека нема пречка следниот Лама да биде жена.

По изборот, детето поминува интензивно образование по будистичка филозофија, свети списи и лидерство, пишува Ал Џезира.

Кој е сегашниот Далај Лама и како беше избран?

Тензин Гјатсо, 14-тиот Далај Лама, е роден како Љамо Дондуп во 1935 година во земјоделско семејство. На двегодишна возраст, тој беше идентификуван како реинкарнација на 13-тиот Далај Лама, откако препозна предмети што му припаѓале на неговиот претходник.

Во 1959 година, по неуспешното тибетско востание против кинеската власт, тој избега во Индија. Денес, во Индија има околу 100.000 тибетски бегалци, а тој ја предводи борбата за автономија на Тибет од егзил.

Што рекол 14-тиот Далај Лама за својот наследник?

На 30 јуни 2025 година, Далај Лама изјави дека верува оти институцијата на Далај Лама ќе има рамка за да го продолжи своето постоење. Во својата книга „Глас за безгласните“, тој напишал дека „нов Далај Лама ќе се роди во слободниот свет“ – што се толкува како исклучување на Кина и Тибет, кој е под кинеска контрола, од процесот.

Тој претходно изјавил дека реинкарнација може да се најде во Индија.

Дали воопшто ќе има наследник?

Далај Лама постојано изјавува дека институцијата можеби нема да продолжи по неговата смрт. Во 2011 година, тој рече дека на 90-годишна возраст ќе процени дали традицијата треба да продолжи. Во 2014 година, тој додаде дека иднината на институцијата треба да ја одлучат тибетскиот народ и околностите по неговата смрт.

Тој, исто така, предупреди на ризикот од „погрешен“ наследник, наведувајќи: „Подобро е една вековно стара традиција да заврши со еден популарен Далај Лама отколку да продолжи со оној што би можел да се посрамоти“.

Кој е ставот на Кина?

Кина тврди дека само нејзината влада има право да ја одобри реинкарнацијата на Далај Лама. Закон од 2007 година наведува дека сите реинкарнации мора да бидат одобрени од државата и спроведени според кинеските правила.

Кинеските власти инсистираат дека следниот Далај Лама мора да се роди во Кина, а кандидатите треба да се избираат преку методот „Златна урна“ – древен систем на извлекување имиња од тегла. Далај Лама го смета методот за несоодветен бидејќи нема духовна вредност.

Тибетските будисти во егзил и многумина во Тибет ја отфрлаат можноста Пекинг да именува легитимен наследник.

Дали Кина веќе интервенирала во изборите?

Да. Во 1995 година, Далај Лама го призна шестгодишниот Гедун Чоекји Њима како реинкарнација на Панчен Лама – вториот најважен будистички водач. Кинеските власти веднаш го приведоа и го поставија својот кандидат, кого многу Тибеќани го сметаат за нелегитимен.

Судбината на вистинскиот Панчен Лама останува непозната, а настанот беше пресвртница во односите меѓу Тибет и Кина.

Дали би можеле да има два Далај Лама?

Многу веројатно. По смртта на сегашниот Лама, можно е едниот наследник да го изберат тибетските лами во егзил, а другиот кинеската влада. Ова би било без преседан, но сè поверојатно, предупредуваат тибетските научници.

И додека Тибеќаните во егзил би го игнорирале „кинескиот“ Лама, Тибеќаните во Кина би можеле да бидат принудени да ја прогласат својата лојалност кон Пекинг.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни