Балкан

Уште една интернет измама: Кликнала на линк и изгубила 750 евра

Уште една интернет измама: Кликнала на линк и изгубила 750 евра

Жена на возраст од 51 година била измамена за повеќе од 750 евра кога непознат сторител, по договор за купување и продажба на предмет рекламиран на една од веб-страниците, ѝ испратил лажен линк во кој таа ги внела своите банкарски податоци и останала без пари.

„Ги повикуваме граѓаните да не ги внесуваат податоците од својата банкарска картичка на сомнителни страници или апликации. Ги предупредуваме граѓаните да не наседнуваат на овие и слични видови измами. Бидете сомничави и не плаќајте пари додека не сте сигурни во кредибилитетот на лицето со кое комуницирате“, соопшти полицијата на Хрватска.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни