Еден од најотровните жители на Јадранското Море се крие во плитката вода

Незабележливо и потенцијално опасно за пливачите.

Денес на социјалните мрежи кружи видео кое ги заинтригира и загрижи многумина – на него се гледа риба пајак, најотровната риба во Јадранското Море, која во Црна Гора се вика Драгана.

Видеото е снимено во плитка крајбрежна зона, каде што оваа риба најчесто се крие закопана во песок. Токму оваа незабележливост ја прави потенцијално опасна за пливачите, објавува City Magazine.

Видеото, кое брзо стана вирално, е придружено со предупредување до сите оние кои планираат да се разладат во морето: бидете особено внимателни на места со песочно дно.

@una.pletikosic

♬ original sound – Una

Најотровното суштество во Јадранското Море е снимено во плитка вода: „Убодот е ужасен, болката е неопислива“

Еден коментар под видеото привлече посебно внимание:

„За жал, мојот сопруг имаше блиска средба со него пред неколку години и речиси изгуби прст. Тогаш не го знаевме, но сега знаеме дека неговиот отров е термолабилен. Затоа, ако ве боцне – обавезно ставете го во најтоплата можна вода.“

Експертите потврдуваат дека рибата пајак не е агресивна и не напаѓа луѓе. Убодот се случува исклучиво случајно, најчесто кога некој ќе стапне на неа со боса нога. Каснувањето предизвикува силна болка, оток, а во некои случаи и посериозни последици, особено ако не реагирате на време.

Во текот на летната сезона, кога илјадници туристи секојдневно влегуваат во Јадранското Море, ваквите снимки служат како важен потсетник дека природата, колку и да е волшебна, може да има и своја опасна страна.

Затоа – претпазливост, водни чевли и информации можат да бидат најдобрата заштита од непријатна средба со риба пајак.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.