Свет

ВИДЕО Урнатиот патнички авион бил стар 50 години, но сертификатот за способност бил продолжен до 2036 година!

ВИДЕО Урнатиот патнички авион бил стар 50 години, но сертификатот за способност бил продолжен до 2036 година!

Русија повторно се соочува со авионска трагедија откако патнички авион Антонов Ан-24, произведен во поранешниот Советски Сојуз пред речиси 50 години, се урна во регионот Амур, при втор обид за слетување во близина на градот Тинда. Авионот, кој беше управуван од авиокомпанијата „Ангара“, исчезна од радарот на околу 15 километри од аеродромот, а неколку часа подоцна, екипите за итна интервенција ги пронајдоа запалените остатоци од леталото.

Според официјални информации и извештаи на повеќе медиуми, во авионот се наоѓале меѓу 46 и 49 лица, вклучително и шест членови на екипажот и пет деца. Според наводите, ниту еден не ја преживеал несреќата.

Посебно внимание предизвикува фактот што леталото, иако старо речиси половина век, сѐ уште било во активна употреба. Според податоци од руските воздухопловни служби, сертификатот за летна способност на авионот бил продолжен до 2036 година – што повторно отвора сериозни прашања за безбедносните стандарди и начинот на одржување на старите советски летала.

Руските власти веќе отворија кривична истрага за „повреда на правилата за безбедност во воздухопловството со смртни последици“, додека експертите и јавноста го критикуваат системот кој дозволува употреба на летала стари половина век под изговор на „модернизација“ која постои само на хартија.

Оваа трагедија повторно го става фокусот врз состојбата на руската регионална авијација и алармантната пракса на продолжување на животниот век на застарени авиони без суштинско подобрување на нивната безбедност.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни