Свет

Русија успешно го лансираше иранскиот комуникациски сателит „Нахид-2“

Русија успешно го лансираше иранскиот комуникациски сателит „Нахид-2“

Русија денес успешно го лансираше иранскиот комуникациски сателит „Нахид-2“ во орбитата, што дополнително ги зајакна стратешките односи меѓу Москва и Техеран, објавија руските власти.

Сателитот беше лансиран од ракетата „Сојуз“ од космодромот Восточни на рускиот Далечен Исток, а покрај иранскиот сателит, во орбитата беа поставени и два руски сателити за набљудување на Земјата – „Јоносфера-М“ и 17 помали руски сателити, објави АП.

„Нахид-2“, со тежина од 110 килограми, беше поставен во орбитата на надморска височина од околу 500 километри и беше дизајниран да функционира две години.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни