Македонија

Најголем пад на вработеноста во последните 15 години: Во 2024 година 17.000 помалку вработени

Најголем пад на вработеноста во последните 15 години: Во 2024 година 17.000 помалку вработени

Македонија во 2024 година забележала драматичен пад на бројот на официјално вработени лица. Според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, годината завршила со нешто повеќе од 556.000 осигурени вработени, што е најниска бројка во последните десет години.

Во споредба со 2023 година, кога биле евидентирани над 573.000 вработени, тоа претставува намалување од над 17.000 лица, или речиси 3 проценти. Според експертите, ова е најголемиот годишен пад на вработеноста во последните 15 години.

Загрижувачки е фактот што дури и во текот на најтешката пандемиска година – 2020, бројот на вработени се намалил за околу 10.000 работни места, што е значително помалку отколку во 2024. Во сите други години, бројот на вработени бележеше континуиран раст.

Новите бројки отвораат сериозни прашања за состојбата на пазарот на труд и бараат внимателна анализа на причините зад овој тренд, меѓу кои се посочуваат иселувањето, неформалната економија и слабата побарувачка за работна сила.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни