Свет

Трамп вели дека Путин прифаќа безбедносни гаранции за Украина

Трамп вели дека Путин прифаќа безбедносни гаранции за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека Владимир Путин се согласил да прифати безбедносни гаранции за Украина.

„Верувам дека во многу значаен чекор, претседателот Путин се согласи Русија да прифати безбедносни гаранции за Украина“, рече Трамп. Тој додаде дека очекува европските земји да го преземат најголемиот дел од товарот: „Ние ќе им помогнеме и ќе го направиме многу безбедно“.

Трамп, исто така, рече дека една од темите на вечерашниот состанок во Вашингтон ќе биде споделувањето на одговорностите меѓу партнерите.

Размена на територии

Но, тој, исто така, нагласи дека мора да се разговара за „можни размени на територии“, земајќи ги предвид сегашните бојни линии. „Тоа значи воена зона, воени линии кои сега се сосема очигледни. Многу е тажно да се видат, но тие ги одредуваат преговарачките позиции“, рече тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано јасно става до знаење дека Украина нема да ѝ предаде територија на Русија. Трамп повтори дека неговата цел е трилатерален состанок со Зеленски и Путин.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни