Македонија

Ангелов: Активен крак кај „Јасен“, два ер трактори на терен

Ангелов: Активен крак кај „Јасен“, два ер трактори на терен

Дождот кој вчера попладне заврна помогна во гаснењето на пожарот во ловиштето „Јасен“, но огнената стихија сè уште не е целосно изгасната, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Иако за жал во текот на ноќта детектиравме нови пламени јазици на еден дел од ловиштето, не можам да кажам дека пожарот е изгаснат, но е под контрола“, истакна Ангелов.

Тој додаде дека еден крак на пожарот сè уште е активен и дека дождот не успеал да го изгасне. „Дејствуваме со два ер трактори на ДЗС. Се работи за екстремно стрмен терен и зимзелена шума, што е опасно да се спуштат луѓе“, нагласи директорот.

Пожарот е лоциран на територијата на Општина Македонски Брод, во повеќенаменското подрачје „Јасен“, каде што е зафатена мешана и зимзелена шума.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни