Македонија

Драма во Битола: Со нож го нападнал братот на поранешната сопруга, па потоа неа ја истепал!

Драма во Битола: Со нож го нападнал братот на поранешната сопруга, па потоа неа ја истепал!

30-годишен маж од битолското село Лера е уапсен откако синоќа околу 21:40 часот нападнал млад битолчанец и физички ја нападнал својата поранешна сопруга, соопшти СВР Битола.

Според информации од полицијата, осомничениот Џ.Р. (30) најпрво во пекарница во Битола го нападнал 25-годишниот И.Л., брат на неговата поранешна сопруга, нанесејќи му повреди со остар предмет. Потоа, со употреба на сила, ја внел во возило својата 23-годишна поранешна сопруга и ја нападнал физички.

Полицијата веднаш интервенирала и го лишила од слобода осомничениот. За случајот е известено Јавното обвинителство. Од СВР Битола информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава против лицето.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни