Македонија

ФОТО Скопје брои штети по силниот ветер: Паднати фасади, бандери…

ФОТО Скопје брои штети по силниот ветер: Паднати фасади, бандери…

По силниот ветер кој попладнево го зафати главниот град, регистрирани се повеќе инциденти на територијата на градот.

Целата фасада на објектот „Беко“ е откорната, а во Радишани кон Бутел паднала бандера. Дополнително, дрво паднало во Кисела Вода, а на ул. „Михаил Чаков“, кај основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“.

Во општина Аеродром исто така има штети, паднато дрво, искршено возило.

Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески вели сериозна е ситуацијата со паднатите дрвја и дека е попречен сообраќајот.

Од надлежните се апелира до граѓаните да бидат внимателни при движење и да избегнуваат ризични локации додека траат силните ветрови.

Поврзана објаваФОТО Лимен покрив падна на Партизанска, дел од остатоците на булеварот и пешачката патека

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни