Свет

ВИДЕО Ова е моментот на земјотрес со јачина од 6,0 степени кој однесе најмалку 622 животи во Авганистан

ВИДЕО Ова е моментот на земјотрес со јачина од 6,0 степени кој однесе најмалку 622 животи во Авганистан

Околу 622 лица загинаа, а повеќе од 1.500 беа повредени во земјотрес со јачина од 6,0 степени што го погоди источен Авганистан синоќа, соопштија властите денес, додека хеликоптери ги превезуваа ранетите на безбедно од урнатините и бараа преживеани.

Катастрофата дополнително ќе ја оптовари јужноазиската земја, која веќе се соочува со хуманитарни кризи, од нагло намалување на странската помош до присилно враќање на голем број нејзини граѓани од соседните земји.

Земјотресот со јачина од 6 степени повреди повеќе од 1.500 лица, а уби 622, соопшти Министерството за внатрешни работи на Авганистан, управувано од Талибанците. Претходно, државната телевизија РТА објави дека околу 500 лица загинале.

Во главниот град Кабул, здравствените власти соопштија дека спасувачите се обидуваат да стигнат до оддалечените села расфрлани низ област со долга историја на земјотреси и поплави.

Во меѓувреме, беше објавена снимка од надзорна камера од разорниот земјотрес.

Силното тресење е снимено од надзорна камера во покраината Кунар, која беше силно погодена од земјотресот.

Објавено е уште едно видео од Авганистан, за кое не е прецизирано каде точно е снимено.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни