Македонија

ДАЛИ ДРЖАВАТА СЕ ОТКАЖАЛА ОД ПРОФИТ? Ревизија фрла сомнеж врз партнерството за ФЕЦ Осломеј 3 – проектот можел да добие грант и целосно да биде на ЕСМ

ДАЛИ ДРЖАВАТА СЕ ОТКАЖАЛА ОД ПРОФИТ? Ревизија фрла сомнеж врз партнерството за ФЕЦ Осломеј 3 – проектот можел да добие грант и целосно да биде на ЕСМ

Државниот завод за ревизија фрли сериозен сомнеж врз одлуката на државата да ја изгради фотонапонската централа „Осломеј 3“ од 100 мегавати преку модел на јавно-приватно партнерство (ЈПП), наместо како директна државна инвестиција. Наодите на ревизорите сугерираат дека државата можеби се откажала од целосен профит и контрола врз еден од ретките нови енергетски капацитети, како и од можноста да добие неповратен грант.

Според договорот за ЈПП, приватниот партнер ги покрива инвестициските и оперативните трошоци, а за возврат ќе стопанисува со централата цели

35 години, пред да ја пренесе сопственоста на АД ЕСМ.

Сепак, ревизорите истакнуваат неколку клучни факти кои ја прават оваа одлука проблематична:

  • Проектот се гради на земјиште кое е во сопственост на АД ЕСМ.
  • Се користи постоечка приклучна инфраструктура, исто така во сопственост на државната компанија.
  • Според физибилити студијата, учеството на јавниот партнер (АД ЕСМ) е минимално и се враќа за само 1 до 2 години.
  • Најважно, ревизорите утврдиле дека проектот имал можност за добивање на неповратен инвестициски грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

Во извештајот јасно се наведува дека доколку проектот се реализирал како јавна инвестиција, тој „би овозможил

целосен приход и контрола од страна на државата, со поголем социјален ефект за вработените во ТЕЦ Осломеј“. Наодите на ревизијата отвораат сериозни прашања за тоа зошто државата се одлучила за модел со кој на приватник му овозможува долгорочен профит од проект изграден на државни ресурси, наместо самата да инвестира и да ги задржи приходите и контролата.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни