Македонија

ФОТО Жителите на Аеродром излегоа на протест: Блокирана клучна раскрсница поради загадувањето од Вардариште

ФОТО Жителите на Аеродром излегоа на протест: Блокирана клучна раскрсница поради загадувањето од Вардариште

Револтирани од повеќедневниот чад и неподносливата миризба што се шири од депонијата Вардариште, стотици жители на скопската општина Аеродром попладнево излегоа на мирен протест, блокирајќи ја клучната раскрсница меѓу булеварите АСНОМ и Србија, кај мостот „Киро Глигоров“.

Со присуство на цели семејства, вклучително и деца, граѓаните го изразија своето незадоволство од, како што велат, екоцидот што се случува и нерешавањето на проблемот со дивата депонија која со денови го загадува воздухот во источниот дел на Скопје.

Протестот е директна реакција на пожарот кој избувна на депонијата минатата недела, а чии последици жителите ги чувствуваат секојдневно преку загадениот воздух, особено критично во период кога започна учебната година.

Организаторите и присутните граѓани порачаа дека бараат итно и трајно решение од градските и државните власти. Како што беше најавено, блокадите ќе се одржуваат секој ден во 18 часот, сè додека нивните барања за чист воздух и здрава животна средина не бидат исполнети.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни