Живот

Ги празнуваме Светите Александар, Јован и Павле, патријарси Цариградски

Ги празнуваме Светите Александар, Јован и Павле, патријарси Цариградски

Александар учествуваше на I Вселенски Собор во Никеја, наместо престарениот патријарх Митрофан, когошто потоа го наследи.

Kога некои философи сакаа да се препираат со него за верата, на едниот од нив му рече: „Во името на мојот Господ Исус Христос ти заповедам да замолкнеш!“

И во тој миг философот онеме. Со својата молитва и на Ариј тој му го прекина животот. Се упокои на возраст од деведесет и осум години, во 340 година.

Свети Јован Постник управуваше со Црквата во времето на злиот цар Анастасиј, еретик акефалит. Се упокои во 595 година. Свети Павле IV управуваше со Црквата пет години и осум месеци.

Од престолот се одрече откако тајно прими схима, за да се покае за гревот што најпрво се согласи со иконоборците.

Му беше претходник на големиот Тарасиј, а се упокои во времето на Ирина и Константин, во 784 година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни