Македонија

Тошковски: Во полиција три лица од фабриката која гори во Трубарево!

Тошковски: Во полиција три лица од фабриката која гори во Трубарево!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва на вонредна прес конференција откри дека во полициска станица на информативен разговор се три лица, сопственици и управители на компанијата за електронски отпад Ф-Групација.

Како што вели, ова не е се изолирани случаи а исти или слични се забележани и низ Европа.

„Ваков тип на пожари не се изолиран случај кај нас. Ги имало во Литванија, Белгија, Велика Британија. Тоа укажува дека пожарот е глобален проблем и бара стандардизиран пристап со управување на ваков тип на отпад“, рече министерот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни